• Мартин Танасковски

Екипата на Киелце донесе квалитетен шутер и во своите редови го ангажира хрватскиот ракометар Халил Јагањанац.
Јагањац настапуваше одлично за Нексе, беше лидер во тимот кој обезбеди настап во групната фаза од Европската лига на ЕХФ и обезбеди трансфер. Договорот меѓу двете страни е потпишан во следните три сезони.
Левиот бек кој е роден во 1998 година во Киелце ќе се пресели од 2022 година, а во Нексе пристигна од редовите на македонски Металург за кого играше една година.
Претходно, Халил Јагањац беше дел од вториот тим на ПСЖ и од Козала.