Киелце го чека „пекол“, цела сала ќе грми за Вардар

Македонскиот ракометен првак и лански учесник на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, екипата на Вардар, ќе има полна поддршка на натпреварот против Киелце затоа што СЦ „Јане Сандански“ е скоро целосно распродаден.

Од управата на РК Вардар информираат дека карти речиси нема, а во продажба се останати уште 500 парчиња од „златната хартија“ - билет за средбата со Киелце. Вардар посакува одмазда за поразот во Полска, а седми играч на тимот ќе биде публиката, која ќе грми во еден глас.

Во регуларна продажба останати се уште билети за местата на трибина, како и за А-блоковите, по цена од 350, односно 400 денари. Натпреварот Вардар - Киелце е закажан за в сабота, 1 декември во 17:30 часот.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3