Киелце е во криза: Бара пари од градот, во спротивно ќе го продаде Циндриќ во ПСЖ!

Шпекулациите кои во последните денови претекоа низ полските медиуми сепак се вистинити, откако првиот човек на Киелце, Бертус Сервас потврди дека клубот е во голема финансиска криза и дека неопходна му е помош за остане на здрави нозе. 

Сервас оваа информација ја обелодени денес пред новинарите, посочувајќи дека во моментов клубот има потреба од еден милион евра за некако да ја преживее сезоната, а воедно и да ги исплати заостанатите плати на ракометарите кои се „трупаат“ уште од почетокот на оваа година. 

Киелце спасот од за оваа криза го бара во општината, а доколку не ја добие бараната сума на пари, најверојатно ќе мора да се ослободи од неколку ракометари, меѓу кои е и поранешниот вардарец Лука Циндриќ, кој во тимот се пресели ова лето. 

Целата оваа ситуација во која се наоѓа полскиот шампион, сака да ја искористи ПСЖ на Раул Гонзалез, откако пред неколку дена испратил понуда од четири милиони евра за Циндриќ. Ако се реализира овој трансфер, Киелце ќе може да се консолидира, а хрватскиот среден бек ќе стане најплатенот ракометар во историјата.