Киелце е претпазлив: Вардар е секогаш меѓу фаворитите

Претседателот на Киелце, Бертус Сервас, ја коментира ждрепката за новата сезона од Лигата на шампионите во која ќе гледаме многу дерби-пресметки. Новиот формат со 16 екипи донесе супер-возбудливи групи, а во иста група се полскиот тим и македонскиот првак Вардар.

Сервас вели дека е задоволен што ќе игра со ПСЖ, а исто така и со другите екипи кои се многу квалитетни, меѓу нив и двократниот европски првак Вардар.

„Секоја година се бориме со ПСЖ за Ф4-турнир, сега ќе се сретнеме во групата. Ќе биде интересно, како за нас, така и за фановите. Флензбург и ПИК Сегед се одлични тимови, Вардар е секогаш меѓу фаворитите, тимовите како Порто и Мешков Брест никако не смее да се потценат. Тука и Елверум, тим кој е квалитетен и е позитивен проект во европскиот ракомет“, изјави Сервас.

Стартот на новата сезона во Лигата на шампионите се очекува во средината на месец септември, а најдобрите две екипи во секоја група ќе обезбедат директно место во четвртфиналето. Останатите тимови од третото до шестото место ќе играат плејоф за место меѓу најдобрите осум.