Киелце договори две млади ѕвезди на ПСЖ од 2022 година!

Екипата на Киелце од Полска почна да го формира ростерот за во иднина и почнувајќи од летото 2022 година на располагање ќе има две ѕвезди од ПСЖ.

Новајлии во полскиот првак ќе бидат Недим Ремили, 25-годишен десен бек, како и 24-годишното десно крило Беноа Кункуд. Француските репрезентативци доаѓаат во Полска по крајот на следната сезона.

Киелце е решен да го нападне тронот на Европа, затоа што претходно со договори ги „врза“ неколку важни играчи, а исто така го задржа и тренерот Талант Душебаев.

Ремили игра за ПСЖ од 2016 година, а претходно настапуваше за Кретеј, додека Кункуд е во ПСЖ од 2014 година и тоа е неговиот матичен клуб.