Киелце го сруши Порто и скокна до третото место во групата

Полскиот шампион и еден од кандидатите за пласман на завршниот турнир на Лигата на шампионите, полски Киелце на Талант Душебаев, извојува нова домашна победа во рамките на групата Б, во која игра и европскиот првак Вардар. Киелце го совлада Порто пред своите гледачи со 30-25 (16-12).

„Жолтите“ со цврстата одбрана од самиот почеток се наметнаа и како резултат на тоа дојдоа до лесни голови од транзиција. Се стабилизира предноста од 4-5 гола и Португалците не успеваа ниту со препознатливата игра „седум на шест“, па мораа да капитулираат (30-25).

Во рамките на 12. коло од оваа група, Кил го совлада Веспрем во средата со 29-28, а Вардар и Мотор Запорожје играат меѓусебе попладнево во Скопје.

Алекс Душебаев со седум и Аркадиуш Морито со шест гола и Артсем Каралек со четири погодоци се истакнаа во тимот на Киелце, а Магаљаеш и Мартинс со по пет и Гомез и Бранкиљо постигнаа по четири гола за португалските „сино-бели“.

Киелце изби на третото место, а Порто може да падне на шестото ако екипата на Стевче Алушовски го совлада првакот на Украина во Скопје. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4