• Мартин Танасковски
Македонската репрезентативка Теодора Керамичиева ќе си замине од ЖРК Вардар по крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во француската ракометна елита.
Керамичиева, која настапува на левата бековска позиција, ќе игра во екипата на Шамбри Турен која се натпреварува во најквалитетната женска ракометна дивизија во Франција. Од клубот соопштија дека договор е постигнат и задоволни се што успеале да ја договорат Македонката во своите редови.
Младата 22-годишна ракометарка е пред својот прв интернационален предизвик. Досега, покрај за ЖРК Вардар, настапуваше и за Вардар Јуниор и ЖРК Металург.
Сите ракометарки од таборот на вардарки си најдоа нови клубови, затоа што на ѕвездениот проект му дојде крајот и од наредната сезона во тимот ќе играат македонски ракометарки од младинскиот погон.