Кентин Мае по шест години се враќа во Бундеслигата

По шест години во Веспрем, време е европскиот првак Кентин Мае пак да се врати во Бундеслигата. 32-одишниот Французин сезонава има последна шанса да стигне до трофејот од Лигата на шампионите на ЕХФ.

Двократниот светски и олимписки шампион со „триколорите“ се договори за соработка со германски Бергишер, каде кариерата ќе ја продолжи од ова лето. За Мае ова е своевидно враќање, бидејќи претходно настапуваше за Баер од Дормаген, Гумерсбах, Хамбург и Флензбург, каде во 2018 година ја освои титулата во Бундеслигата.

Бергишер минатата сезона ја заврши на дванаесеттото место во најсилната лига на светот. Моментално е шеснаесетти со 13 бода, исто толку колку и Ајзенах, првата екипа во опасната зона.