• Горан Упале

Ракометарите на Охрид ги очекува голем предизвик во Суперкупот на Македонија, каде што ќе се соочат со актуелниот шампион Вардар 1961.
Пред дуелот, своите очекувања ги сподели Адама Кеита, кој предупреди дека охриѓани ги очекува тежок и интензивен натпревар, во кој секоја грешка може да биде скапо платена.
„Во среда нè очекува интензивен и тежок натпревар. Ќе мора да внимаваме да имаме што помалку грешки во 60 минути ако сакаме резултат во наша корист“, порача Кеита.
Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Охрид се игра во среда, 2 септември од 19:00 часот, во салата „26 Април“ во Гевгелија.

