Казни и суспензија од ЕХФ за воинствените тренери на Висла Плок и Барселона

Европската ракометна федерација (ЕХФ), донесе одлука во врска со инцидентите што се случија по натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Висла Плок и Барселона, одигран на 23 октомври.

Постапката беше покрената поради вербален и физички конфликт помеѓу тренерите на двата клуба - Хавиер Сабате (Висла Плок) и Карлос Ортега (Барселона).

Според одлуката на Дисциплинската комисија, однесувањето на двајцата експерти е класифицирано како „сериозно неспортско однесување“, а во случајот на Ортега беа утврдени и отежнувачки околности. Тренерот на Барса доби суспензија од еден натпревар од натпреварувањата на ЕХФ и парична казна од 1.500 евра, додека Сабате беше казнет со 750 евра.

Двајцата тренери имаат право да поднесат жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена од донесувањето на одлуката.