Казахстанска репрезентативка ново засилување за Ѓорче Петров

Ракометниот клуб Ѓорче Петров промовира ново, деветто засилување за новата сезона во која ќе настапува на домашен и европски фронт. 

Шампионот и освојувач на Купот се засили со Кристина Радева, ракометарка која игра на позицијата десен бек. Станува збор за репрезентативка на Казахстан која има 30 години и ќе ја засили конкуренцијата во бековската линија. 

Досега ѓорчепетровки се засилија со Теодора Дукоска, Шејла Жоао Ланга, сестрите Борјана и Бојана Коцеви, Стефани Пламен Петрова, Марија Јовановска, Анастасија Трпеска и Стефанија Ѓорѓиевска.