ФОТО: Кавадарци живее за спорт – преполна сала и пеколна атмосфера против Кремс

Ракометарите на Тиквеш по повеќе од една деценија се вратија на меѓународна сцена и веднаш спектакл во Кавадарци.

На средбата од второто коло од ЕХФ Купот против Кремс, салата „Јасмин“ е исполнета до последно место, а атмосферата која што ја приредуваат кавадарчани е посебна приказна. Ова е само уште еден доказ плус дека Кавадарци и кавадарчани живеат за спорт.

Со ваква поддршка на домашните ракометари сигурно дека ќе им биде многу полесно да се изборат за позитиван резултат за реваншот во Австрија