• Мартин Танасковски

Јапонецот Харуки Кавада со Вардар 1961 стана шампион на Македонија и ја завршува авантурата во Суперлигата. Се сели во Франција, каде ќе биде дел од тимот на Каен, а со интересна порака се прости од црвено-црните.
„Минатото лето, во 2025 година, го напуштив универзитетот и на 19 години заминав во Европа. Кога бев во средно училиште, Вардар (мојот клуб) ја освои најсилната ракометна лига во светот – Лигата на шампионите. Сонот што тогаш го имав – „еден ден и јас да заиграм за тој клуб“ – беше остварен оваа година.
Не беше сè лесно и забавно, но интензитетот на спортот, животот во друга средина, јазичните разлики и сите предизвици што ги носи животот надвор од Јапонија ми дадоа искуства и нов поглед на светот што не би можел да ги стекнам дома. Тоа што го доживеав сето ова уште во тинејџерските години сигурно ќе ми биде голема животна лекција и ми потврди дека вредеше да се осмелам на овој чекор.
Одблиску ја почувствував силата и менталитетот на луѓето од Источна Европа. Ќе продолжам да чекорам напред и да го користам ова искуство за понатамошен напредок! Неизмерно сум благодарен на сите што ме поддржаа во мојата европска авантура. Ви благодарам за поддршката!“, напиша Кавада.
Средниот бек имаше одлични партии во дресот на Вардар 1961 и имаше важна улога во обединувањето на „двојната круна“.
