• Мартин Танасковски
Екипата на Нант втора година по ред го освои трофејот во ракометниот Куп на Франција. Поранешниот клуб на Кирил Лазаров одигра неверојатно моќна партија и го демолира ПСЖ (23-31) во големото финале.
Ѕвездениот клуб од Париз ја имаше улогата на фаворит на хартија, но доживеа катастрофа. Уште по првото полувреме во кое Нант демонстрира гранитна одбрана беше јасно дека бранителот на круната ќе биде првак (13-19).
Работите на овој натпревар беа јасни кога во второто полувреме, во првите 15 минути, ПСЖ даде само три гола, нешто што не се случило подолго време. Во eден момент од средбата Нант имаше дури и +13 (16-29). На овој натпревар блескаше и голманот Иван Пешиќ.
За Нант ова беше трета титула во Купот на Франција, по освоените во 2017 и 2023 година.