Црногорската репрезентативка Катарина Булатовиќ не е повеќе ракометарка на Ростов-Дон. Рускиот шампион ја објави оваа информација на својот Фејсбук профил, а ваквата одлука е неочекувана.
Булатовиќ, само една сезона мина во Русија, но се чини дека промената на тренерот и доаѓањето на Шпанецот Амброш Мартин е главната причина за заминувањето на искусниот десен бек.
Следната дестинација на Булатовиќ најверојатно ќе биде црногорскиот првак Будуќност. Таа потекнува од Крагујевац, Књаз Милош, Хумел, а на интернационална сцена беше дел од Шлагелсе, Балчеа и Ѓер.
Ростов, пак, се уште е во потрага по нови ракометарки. Досега се засилија само со Луис Абинг на левата бековска позиција и Полина Кузнецова која дојде од Вардар и ќе ја замени Сираба Дембеле на левата крилна позиција.