• Мартин Танасковски

Македонскиот тренер Зоран Кастратовиќ има нов ангажман по заминувањето од Ал-Мудар, но нема да ја менува Саудиска Арабија.
Кастратовиќ постигна договор со ракометната федерација на Саудиска Арабија да биде нов селектор на земјата. За него ова ќе биде нов ангажман како предводник на национален тим, по оние со Иран и Црна Гора кај мажите, како и Македонија кај дамите.
57-годишниот Зоран Кастратовиќ во кариерата работеше во македонските клубови Вардар, Металург и Пролет, а исто така ги водеше и Беране, Слобода Тузла, Сутјеска Никшиќ и Ел Џаиш.