Кастратовиќ: Со МВП-партиите во Македонија сонувам место на ЕП 2024

Средниот бек на Прилеп, Владан Кастратовиќ, се најде на поширокиот список на Црна Гора и повторно ќе конкрурира за настап меѓу „лавовите“ на претстојното Европско првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.

Кастратовиќ е пресреќен што пак ќе има шанса да го облече дресот со државниот грб, а во интервју за „Спорт Клуб“ истакна дека конечно МВП-париите кои ги имал во Македонија биле забележани.

„Новиот повик во репрезентацијата ми доаѓа по многу добрите партии во квалитетниот шампионат на Македонија. Многу пати бев МВП на натпреварите, а сите кои ме познаваат знаат дека сум тимски играч и дека како среден бек настојувам да направам се што е во моја моќ да дојдеме до целите. Горд сум и среќен што пак сум дел од тимот, а одлуката дали ќе играм на ЕП 2024 ќе ја донесе селекторот. Се надевам дека ќе ме повикаат затоа што сакам да ѝ помогнам на Црна Гора“, изјави Кастратовиќ и продолжи:

„Додека сонувам за репрезентацијата, продолжив со добрите партии во шампионатот на Македонија. Во Прилеп се чувствувам како дома, екипата има потенцијал, но не брзаме никаде, одиме чекор по чекор, со желба да стигнеме до нивото на кое во моментов се наоѓаат Вардар и Пелистер“, заврши ракометарот.

Црна Гора предводена од селекторот Владо Шола наредната година ја очекува место на ЕП 2024 заедно со Србија, Унгарија и Исланд.