• Иван Димовски

Ракометарите на Металург доцна синоќа пристигнаа во францускиот град Тулуз и поради тоа не беа во можност да го одржат стандардниот тренинг 24 часа пред натпреварот.
Наместо тоа, предвоникот Зоран Кастратовиќ утрово ги свика единствените подготовки на „металурзите“ пред пресметката со Тулуз. Сепак, очекувано ракометарите не добија исцрпувачки задачи, туку тренинг за одржување на темпото и одржување на формата.
Во ростерот недостига единствено Серафимов, кој е позитивен на ковид-19 и остана во Скопје. Сите останати ракометари се спремни и мотивирани.
Првиот дуел од групната фаза на Европската лига за Металург ќе биде одигран денес со почеток од 18:45 часот во Тулуз.







