• Мартин Танасковски

Зоран Кастратовиќ, стратегот на Металург, на прес-конференцијата по мечот против Тулуз и стартниот пораз (33-29) во Европската лига на ЕХФ потенцира дека одбраната на тимот од Автокоманда потфрлила, а пресудиле и промашените зицери.
„Му честитам на противникот за победата. Ние дојдовме по добар резултат, знаевме дека ќе бидат без плејмејкерот од Холандија. Но, не успаевме во тоа поради лошото ниво на концентрација во моментите. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не успеаевме да ја сопреме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 не беше добра денес како на претходните натпревари. Исто, би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Ама имаме уште девет натпревари во Европската лига да играме подобро и да победиме“, изјави Кастратовиќ.
Металург следниот натпревар во Европската лига го игра на домашен терен, а противник ќе биде Висла Плок од Полска. Мечот во Скопје е закажан за седум дена.