Кастратовиќ е замената за Матлиевски на клупата на Пролет!

Пролет спогодбено се раздели со стручњакот Никола Матлиевски и веднаш го објави името на неговата замена.

Се работи за искусниот Зоран Кастратовиќ кој ќе добие шанса за докажување до крајот на тековната сезона.

„Мило ми е што повторно ќе работам во квалитетен тим од македонскиот шампионат. Запознаен сум со квалитетите на Тинекс Пролет, верувам дека овој состав има потенцијал за да оствари добри резултати до крајот на сезонава. До крајот на сезонава имаме уште шест средби, а само со заедничка работа и максимална ангажираност можеме да стигнеме до она што сите го посакуваме - Тинекс Пролет да излезе во ракометна Европа.

Благодарност до управата на клубот и верувам дека ќе ја оправдам нивната доберба и ќе им помогнам во остварувањето на зацртаната цел“ , вели Кастратовиќ.

Последен ангажман за 55-годишникот беше Металург, со кого се раздели пред шест месеци.