• Саше Љолес
Ракометарките на ЖРК Куманово забележаа пораз со конечни 32-25 на првиот натпревар од второто коло во Еврокупот на ЕХФ, откако загубија на гостувањето кај литванскиот претставник, Каскада.
Македонскиот тим одигра одлично прво полвувреме кое го заврши со само еден гол негатива (15-14), но потоа домаќинот успеа со добра серија да се „одлепи“ во резултатска смисла и создаде пристојна залиха за остатокот од мечот.
Каскада постојано имаше водство од три или четири гола разлика, а на стартот на последните десет минути резултатот гласеше 25-21 за домаќинот. До крајот Куманово не успеа да возврати со слична мера, па така мораше да се помири со пораз од дури седум голови разлика.
Најдобра ракометарка во победничкиот состав беше Каролина Спарнаускаите, која забележа седум погодоци зад своето име.
Реваншот помеѓу овие две екипи ќе се одигра на четврти октомври, а почетокот е закажан за 19:00 часот.
