Карбеска и Илиева ќе го судат романското дерби во ЛШ

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева се делегирани во новото коло на женската ракометна Лига на шампиони.

Дамите ќе бидат дел од романското дерби во женската ракометна Лига на шампиони. Карбеска и Илиева ќе го судат мечот меѓу Рапид Букурешт и ЦСМ Букурешт, од кој дел ќе биде македонското крило Сара Ристовска како член на Рапид.

Делегат на мечот во Романија е Николае Визитиу од Молдавија. Мечот меѓу големите романски ривали кој е битка за четвртфинале во елитното друштво се игра на 22 март.