Карбеска нов тренер на ЖРК Металург, подготовките почнуваат на 9 август

Продолжуваат промените во женските ракометни клубови во пресрет на новата сезона. Скоро сите водечки екипи се одлучија за нови тренери, а и ЖРК Металург означи нов почеток. Силвана Карбеска е нов тренер на поранешниот шампион и Куп-победник.

Карбеска е меѓународен судија, но одлично ја развива и својата тренерска кариера. Заедно со Марко Миркуловски од ЖРК Шампион, младата Карбеска ќе го предводи проектот на клубот од Автокоманда. Планирани се и неколку засилувања од таборот на ЖРК Шампион. 

Новиот ЖРК Металург ќе започне со подготовки на 9 август и комплетно ќе ги реализира во Скопје.

Новата сезона на женската Суперлига ќе започне на почетокот на септември.