Карбеска и Илиева со голема задача, ќе судат европско финале

Македонските ракометни судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева добија голема доверба од ЕХФ и ќе го суддат финалниот меч од завршниот турнир во Европската лига.

Судискиот пар кај дамите има одсудено многу мечеви во Лигата на шампионите и во Европскиот Куп, па ова секако доаѓа како награда за досега сработеното на највисоко можно ниво.

Завршниот турнир во ЕЛ на ЕХФ ќе се игра во „Рајфајсен Арена“ во австриски Грац. Во првото полуфинале ќе играат германски Бломберг и дански Икаст, додека во втората полуфинална средба ќе се соочат француски Дижон и германски Турингер.