Карапалевски во јуни заминува од Ваљадолид

Најмакедонската екипа во АСОБАЛ лигата во последните неколку години, тимот на Ваљадолид, драстично го менува ликот за вториот дел на сезоната која е во тек. Македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски нема да го смени клубот среде сезона, но сигурно заминува од клубот од северна Шпанија. 

Ресенчанецот нема да добие нов договор и налето заминува од Ваљадолид. Средниот бек сезонава одигра 45 натпревари во домашните натпреварувања и постигна 60 гола. 

До минатата сезона во дресот на Ваљадолид со успех настапуваа Дарко Димитриевски и Димитар Димитриески. Овој тим по првиот дел на АСОБАЛ лигата се наоѓа на четвртото место со 20 бода, десет помалку од лидерот Барселона.