Каралек: Денес си втор, утре си шести... мора да славиме со пелистерци

Белорусинот Артем Каралек ќе биде еден од главните играчи во дефанзивата и во офанзивата на Киелце на мечот со Еурофарм Пелистер. Корпулентниот пивот ја најави средбата од Лигата на шампионите во Полска и кажа дека ова е меч кој мора да се добие.

„Ситуацијата во групата е многу изедначена. Ако загубиш еден меч, паѓаш ниско. Еден ден си втор, следниот ден си шести. А, ние ги сакаме првите две места на табелата и затоа мора да победиме со Еурофарм Пелистер. Се ќе зависи од нас“, изјави Каралек.

Натпреварот меѓу Киелце и Еурофарм Пелистер се игра во четврток од 20:45 часот.

Најнови вести од
Лига на шампиони