Карачиќ: Во Вардар научив да победувам и да верувам во себе, очекувам силни емоции во Скопје

Gol.mk ексклузивно интервју

Овој викенд ќе биде посебен за Игор Карачиќ, поранешниот ракометар на Вардар. Хрватскиот интернационалец од Скопје кариерата ја продолжи во Киелце, а утре со новата екипа ќе гостува во Македонија, за да му се спротистави на тимот со кого стана европски првак во два наврати.

31-годишниот ракометар во разговор со Gol.mk го најави дуелот против своите поранешни соиграчи и ја префрли фаворитската улога кај нашиот шампион.

„Ќе се сретнат две многу слични екипи, борбени. Ние доаѓаме во одлично расположение по големата победа над Веспрем. Но, не треба да заборавиме дека Вардар е актуелен европски првак и фаворит пред својата публика“ , вели бекот на полскиот претставник.

Од гостувањето во СЦ „Јане Сандански“, Карачиќ очекува голема емоција и средба со своите пријатели, на кои гледа како браќа.

„Едвај го чекав овој меч за да можам повторно да се сретнам со македонската публика. Сакам уште еднаш да и се заблагодарам за прекрасните осум години, сигурно ќе биде многу емотивно за мене“ , истакна хрватскиот репрезентативец.

Во продолжение од разговорот, екс вардарецот раскажа што најмногу му недостига од деновите поминати во главниот град на нашата држава

„Ми недостигаат моите пријатели со кои сум во братски односи, ми недостигаат многу работи, но тоа е спортот. Сега имам многу убави работи и во Киелце, засега сум презадоволен во новата екипа“

За крај, миленикот на вардаровите навивачи ни кажа што научил од годините поминати во Вардар.

„Во Вардар го изградив победничкиот менталитет, верата во себе и во моите пријатели, особина која засекогаш ќе остане со мене. Беше убаво, но како што кажав, ова е спорт, па сега сета моја енергија ја насочувам кон Киелце. Го давам максимумот на секој натпрвар и се обидувам да му помогнам да победи, што ќе биде случајот и против Вардар. Како и да заврши натпреварот, јас ќе бидам среќен“ , заврши Хрватот.

Киелце доаѓа на гости кај Вардар во подобра форма и две победи во низа во Лигата на шампионите. Проблемите со повреди ќе претставуват најголемиот хендикеп за Едуард Кокшаров, кој сигурно ќе сака да избегне нова бламажа на домашен терен.

Разговара: Сашо Поповски
Фото: Филип Вирановски

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 9 6 2 1 281:250 31 14
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 9 0 2 7 264:294 -30 2
8 Мешков БрестМешков Брест 1 8 1 0 7 219:251 -32 2