Карачиќ во Киелце е трансферот на сезоната, место имаше и за Циндриќ, Мораеш, Борозан...

По седум незаборавни години минати во редовите на Вардар, хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ, се реши за нов предизвик во кариерата и во следната сезона ќе ги брани боите за полскиот шампион Киелце. 

Токму преминот од Вардар во Киелце на еден од најдобрите организатори на играта во светскиот ракомет и МВП на последниот Ф4 турнир на Лигата на шампионите во Келн, ЕХФ го оцени како најголем трансфер ова лето, во ТОП 12 листата која ја објави утринава. 

Во овој избор место имаше и за уште две заминувања од редовите на Вардар, оние на Мораеш и Борозан во Веспрем, како и на поранешниот вардарец Лука Циндриќ кој ја засили Барселона. 

ТOП 12 трансфери според ЕХФ ова лето:
1. Игор Карачиќ - Вардар во Киелце
2. Расмус Лауге - Флензбург во Веспрем
3. Лука Циндриќ - Киелце во Барселона
4. Рожерио Мораеш - Вардар во Веспрем
5. Роланд Миклер - Веспрем во Пик Сегед
6. Гудјон Валур Сигурдсон - РНЛ во ПСЖ
7. Вуко Борозан од Вардар - Веспрем
8. Владимир Чупара - Келце во Веспрем
9.Винсент Жерард - Монпелје во ПСЖ
10. Лука Степанчиќ - ПСЖ во ПИК Сегед
11. Андреас Волф - Кил во Киелце
12. Константин Игропуло - Мешков Брест во Висла Плок