• Мартин Танасковски
Збор на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад имаше и Игор Карачиќ, одличниот шутер во редовите на „црвено-црната“ армија. Хрватот порача дека вардаровите ракометари одиграле перфектно и дека во тимот функционирало сѐ, почнуваќји од голман, па се до одбрана и напад.
„Не знам што се случи денес со Кристијанштад, но среќни сме што победивме. Лани кога игравме до 50 минута беше неизвесно, но мислам дека научивме многу од тој меч, ги завршивме сите наши задачи. Би сакал да им честитам на моите соиграчи за одличниот натпревар. На денешната средба функционираше буквално се, од голман, па се до одбрана и напад, па затоа резултатот е таков каков што е. Ја завршивме оваа полусезона како што сакавме. Се надевам дека по репрезентативната пауза ќе продолжиме со исто темпо во ЛШ“, изјави Карачиќ.
Во мрежата на Кристијанштад, Карачиќ постигна вкупно пет гола и беше втор најдобар стрелец во Вардар.