Карачиќ: Со Вардар одиграв одлична последна сезона, сè беше според планираното...

Хрватскиот интернационалец и поранешен играч на Вардар, Игор Карачиќ, зборуваше за начинот на кој што се справува со моменталната ситуација. Пандемијата донесе ригорозни мерки и во Полска, каде моментално настапува 31-годишникот од Мостар, каде е заедно со својата идна сопруга, Македонката Душица Андоновска.

>>> ФОТО: Карачиќ ја „малтретира“ нашата Душица со напорни тренинзи

Членот на Киелце ги извршува рутинските тренинзи во својот дом, со цел да остане во добра физичка форма.

„Сега е добро, на почеток имаше паника, како и секаде. Сè беше затворено. Повеќето тренинзи ги правам дома, а некогаш излегувам на трчање“, вели Хрватот.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

☺️ gledajte novu epizodu " zauvijek susjedi " @hrs_insta

A post shared by Igor Karacic (@igorkaracicc) on

За последната сезона во Вардар, со кој ја освои титулата во Лигата на шампионите, Карачиќ вели дека се се одвивало според планираното.

„Одлична сезона. Се помина според планираното. Немав никаква тешка повреда и секогаш бев присутен за моите соиграчи“, изјави екс ракометарот на „црвено-црните“.

Поради пандемијата со коронавирусот, Карачиќ и Киелце беа крунисани за шампиони во полското првенство.