• Горан Упале
Челниците на хрватскиот ракометен шампион Загреб го составуваат тимот за следната сезона, а тамошните медиуми објавуваат сензационална вест Даниел Душебаев треба да биде засилувањето на левата бековска позиција.
„Преговорите за доаѓањето на Даниел Душебајев во РК Загреб се во напредна фза. Сè уште не е официјално, но договорот е многу блиску“, објави познатиот ракометен агент Хен Ливгот на социјалните мрежи.
Секако дека ова би било сензационален трансфер бидејќи Дани Душебајев е една од најголемите ѕвезди во шпанската репрезентација и тимот на Киелце. Неговата кариера досега ја водеше неговиот татко, познатиот Талант Душебајев, а со години Дани играше покрај својот постар брат Алекс, кој летово исто така ќе го напушти полскиот тим.
Хрватите пишуваат дека веројатно во преговорите „посредувал“ Игор Карачиќ, кој минатото лето пристигна во Загреб токму од Киелце.






