Карачиќ: Мечот со Вардар за мене беше нешто посебно, уживав, ама...

Игор Карачиќ се врати „дома“, но во дресот на Киелце играше против Вардар и успеа да дојде до бод против својот поранешен тим (28-28). По дуелот, хрватскиот ракометар зборуваше пред медиумите и истакна дека било убаво пак да се вратиш во Скопје и да играш пред оваа публика.

„Се сложувам со тренерот, загубивме бод против Вардар. Изминатите години Вардар тука славеше со Киелце, но сега тоа го прекинавме. Имавме расположен дух, се надевавме на победа. Бевме спремни за Кристопанс и Дисингер, но Вардар не изненади со седум на шест, со ниските играчи од надворешната линија кои знаеја да ја чуваат топката. Исто така, добро бранеше и Калифа. За мене овој меч беше посебен, од една страна уживав, од друга страна не бев присутен на натпреварот тоа можеше да се забележи во играта. Се надевам дека ќе се исправиме на домашен терен и дека ќе дојдеме до полн плен“, изјави Карачиќ.

Вардар и Киелце ја одиграа својата „прва рунда“ оваа сезона во ЛШ, а веќе наредната седмица ги чека нов дуел во Полска.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 8 6 1 1 249:218 31 13
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 1 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 1 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 2 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мешков БрестМешков Брест 8 1 0 7 219:251 -32 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 8 0 1 7 232:262 -30 1