Карачиќ: Македонија може само на еден начин да го совлада Исланд – ако го сопре Палмарсон! 

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Селекцијата на Хрватска го направи првиот чекор кон пласманот во втората фаза на Светското првенство во Германија и Данска

„Каубоjите“ со фантастичен финиш го средија секогаш незгодниот Исланд, а Игор Карачиќ по мечот не го криеше своето задоволство од освоените бодови и добриот старт.

„Сите бевме свесни дека ќе биде тешко. Исланд секогаш е тежок противник, се сеќаваме како лани падна Шведска со десет гола разлика. Тие и вечерва покажаа одлична игра, ни создадоа проблеми, но најважно од сè е што на крај покажавме карактер и заслужено стигнавме до прва победа“, рече Карачиќ.

Искусниот среден бек подели и совет за нашите ракометари кои во последното коло од оваа фаза ќе се сретнат со Исланд. 

„Исланд е силна репрезентација, и нема да ви биде лесно. Ја гледав Македонија против Јапонија и одигра одлично. Да бидам искрен, Македонија може да победи на тој дуел, а да стигне до тоа ќе мора да го сопре Палмарсон. Тој е генијалец и денес ни создаде многу проблеми“, заклучи членот на Вардар

Дуелот против Исланд кој најверојатно ќе го реши третиот патник во следната фаза од оваа група, Македонија го игра за 16 јануари. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0