Карачиќ: Игравме апсолутно против сите, големи честитки до момците

Gol.mk на SEHA Final 4

Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов се пред историска шанса да стигнат до петта круна, бидејќи се единствени ракометари кои беа дел од сите успеси во регионалното натпреварување. Триумфот во Брест е еден од најтешките за екипата на Парондо, а актерите беа уморни, но среќни во изјавите по завршувањето на напорниот дуел.

>>> ПОВРЗАНО - Стоилов: Мешков сакаше со „ќотек“ да нè победи, но Вардар докажа дека е голем тим! 

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ кој следната сезона ќе го носи дресот на Киелце ни рече:

„Нека остане меѓу нас во соблекувалната тоа што се случуваше на теренот. Можам само да им честитам на момците, игравме против сите, ама апсолутно против сите. Во Лигата на шампионите покажавме дека сме подобри од ППД Загреб, но тие можат да ни се заканат, имаат добра екипа и добар нов тренер. Утре ќе мора да дадеме 200% за да дојдеме до титулата“, заклучи Карачиќ.

  • Извештај од натпреварот:

Веднаш по протоколарните обврски вардарци се вратија во хотелот „Хилтон“ во Брест и имаат неполни 24 часа да го подготват финалето. Прашање е само за која екипа ќе навиваат белоруските фанови - за македонскиот или за хрватскиот првак?