Карабатиќ: Важно е да отвориме со победа против Македонија

Францускиот репрезентативец, Никола Карабатиќ, беше запрашан како гледа на првиот натпревар против Македонија и колку мисли дека е подготвен за игра, поради нецелосно заздравената повреда на препоните.

„Да не беше Европското првенство, секако дека би зел повеќе одмор за да заздравам од повредата. Не знам дали играњето ќе биде голем ризик, но сепак одлучив да им помогнам на моите соиграчи. Што се однесува на Македонија, тоа ќе биде тежок натпревар. Секој почеток на некое големо натпреварување е тежок, а Македонците не се така лесен противник за отворање. Ќе биде од голема важност да се забележи победа на стартот“ , изјави Карабатиќ.

Французите, иако некомплетни и без неколку клучни играчи, се едни од најголемите фаворити на ова Европско првенство. Првиот натпревар го играме токму против Карабатиќ и неговата Франција, што ќе биде голем тест и за нашите ракометари на стартот на континенталното натпреварување.