Карабатиќ си направи проблеми со брзиот кам-бек, па ќе мора на нова операција

Лидерот на француската репрезентација Никола Карабатиќ се чини си направи проблеми со брзиот кам-бек на терените по операцијата на стапалото.

35-годишниот организатор на играта на „триколорите“ требаше да паузира шест месеци, но наместо тоа, тој заигра за својот национален тим на Светското првенство во Данска и Германија.

И покрај неговото присуство, Французите се изборија само за бронзениот медал. Во полуфиналето на патот им застана Данска, која подоцна на убедлив начин стигна до своето прво светско злато.

Карабатиќ најави дека размислува за пензија и дека последен турнир во репрезентативнот дрес на Франција ќе му бидат Олимписките игри 2020 година.

Заедно со „експертите“ тој освои четири светски, три европски и две олимписки златни медали, а трипати ИХФ му ја додели наградата за најдобар ракометар на светот (2007, 2014, 2016).