Карабатиќ се доближува до апсолутниот рекорд на Кирил Лазаров

Никола Карабатиќ е жива легенда на светскиот ракомет, зад чие име стојат многу рекорди. Долговечноста на Французинот му овозможува да игра на високо ниво и оваа сезона.

На дуелот против Веспрем, „ѕвездата“ на ПСЖ го запиша 240-от настап во Лигата на шампионите. Пред него на вечната листа остануваат само две имиња.

Ракометар со најмногу настапи во елитното натпреварување е Кирил Лазаров. Македонската икона стои на врвот со 252 натпревари, три повеќе од Арпад Штербик.

Нант оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите, а тоа значи дека Карабатиќ, ако остане здрав, ќе го надмине рекордот во сопственост на македонскиот ракометар.