• Сашо Поповски

По вчерашната победа над нашата репрезентација, најдобриот француски ракометар, Никола Карабатиќ, изјави дека тој и неговите соиграчи имаа среќа што нашите ракометари не издржаа докрај со квалитетното ниво на ракомет.
„Секогаш играме тешко на првите натпревари, а сега дополнителен проблем ни беше што се сретнавме со Македонија, која е многу квалитетна селекција. Долго време мечот беше израмнет, а во финишот пресуди нашето искуство. Имавме среќа што Македонците паднаа во последните десет минути. Се надевам дека нашата форма ќе се движи во нагорна линија кога ќе се води битката за медал“ , рече Карабатиќ.
Вториот натпревар Французите го играат утре, против репрезентацијата на Србија, во 18.15 часот, додека нашата репрезентација ќе игра во вечерниот термин, против домаќинот Полска.