Карабатиќ: По нас фрлаа со шишиња и запалки, тоа е Балкан

Еден од главните фаворити за највисок пласман, Франција, со сигурна победа над големиот ривал Хрватска го започна Европското првенство во Унгарија и Словачка. Актуелниот олимписки шампион славеше со 27-22, а по еден груб старт на Мандиќ врз Мае, нервите ги загубија и хрватските навивачи, кои беа многу побројни на трибините.

<<< ПОВРЗАНО - „Војна“ во Сегедин: Мандиќ доби син картон, Карабатиќ полуде, а од трибините летаа чаши пиво! (ВИДЕО)

Францускиот ас Никола Карабатиќ ја коментираше атмосферата на дуелот во Сегедин и се потсети на натпреварите кои што ги играл на Балканот.

„Атмосферата ми беше одлична. Свесни сме дека локацијата е многу блиску до Србија и Хрватска и дека има многу нивни навивачи. По нас фрлаа со шишиња и запалки.

Сето тоа ме потсети на натпреварите на Балканот“, рече Карабатиќ.

Хрватска в сабота од 20:30 часот игра против Србија, а од 18:00 часот Франција ќе се сретне со Украина.