• Мартин Танасковски

Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак нема да си замине од Германија, затоа што го продолжи договорот со бундеслигашот Кил.
Договорот на Дувњак завршуваше на крајот од оваа сезона, но двете страни се договорија за обнова. Според новиот договор Дувњак ќе игра за Кил уште една година, до крајот на сезоната 2024/25.
Дувњак така ќе ја игра единаесеттата сезона во бундеслигашот, затоа што е член на Кил од 2013 година. Поради добрите партии, Хрватот ја носи и капитенската трака во екипата.
Од таборот на Кил изразија задоволство за продолжената соработка затоа што Дувњак е важен за тимот играчки, но и како личност.