Капитенот на Тулуз: „Групата е тешка и вклучува клубови со богата историја...“

Тулуз

Екипата на Металург ќе ја отвори сезона во Европската лига со гостување кај Тулуз. Тимот од Автокоманда ќе го предизвика францускиот прволигаш во вторник со почеток од 18:45 часот.

Капитенот на ривалот на „металурзите“, Пјерик Чел, ја најави групата и изјави дека очекува тешок пат до нокаут фазата.

„Наша мотивација е нокаут фазата и подигнување на клубот на повисоко ниво. Во групата имаме тешки противници со богата историја. Ова е ново искуство за нас, па ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме и да победиме. Според мене прв фаворит е Монпелје бидејќи се работи за тим со искуство во европските натпревари. Знам дека и германските екипи се незгодни, но ние сме фокусирани на победа на првиот меч дома. Тоа ќе ни даде добра атмосфера, а потоа сè е можно“, вели 30-годишникот.

Покрај овие два ривали, во групата А се најдоа уште Чеховски Медведи, Адемар Леон, Висла Плок и Фиверс.