Капитенот на Франција незадоволен: Сакав вистински медал, а не ова г*мно

Репрезентацијата на Франција заврши на четвртото место на ракометното Европско првенство, откако загуби од Шведска во полуфиналето, а потоа и од Данска во „малото“ финале (35-32). 

Четвртопласираниот тим на овој турнир доби посебен медал, нешто како признание за учество во завршницата, а француските ракометари не ги примија добро своите „награди“. Капитенот Валентин Порт запрашан зошто веднаш го извади медалот од својот врат, незадоволно изјави: 

„Најголем мотив ми беше да освојам медал овде, ама вистински медал, а не ова г*мно. Ние Французите мразиме кога губиме“. 

Слична беше реакцијата на речиси сите француски ѕвезди на свеченото доделување. За нив ова е разочарување, бидејќи јасно е дека Франција секогаш цели највисоко на големите собири.