ФОТО: Капитенот Лазаров дојде да ги види ракометните наследници

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е во СЦ „Борис Трајковски“ и го следи натпреварот меѓу Македонија и Нигерија кој се игра во рамки на Светското првенство (СП) за кадети.

Нашиот национален тим неочекувано загуби од Аргентина на стартот, а на овој дуел само триумфот е опција. Надежите имаат поддршка од трибините, а ги следи и најдобриот македонски ракометар, кој дојде да ги види своите наследници.

Македонија по дуелите со Аргентина и Нигерија, во рамки на групната фаза ја чекаат средби со Данска, Јапонија и Саудска Арабија. Најдобрите две селекции од групата, одат во осминафиналето на СП кое се игра во нашата земја.