ФОТО: Капитенот Кузмановски и пелистерци со цело срце навиваа за ракометарките!

Македонската женска репрезентација не успеа да се пласира на Светсоо првенство по осумнаесет години. Двата порази од Полска, и покрај витешката борба, покажаа дека противникот е поквалитетен и поискусен.

Вниманието на цела македонска јавноста синоќа беше насочена кон Битола и спортската сала „Боро Чурлевски“. Нашата ракометна публика никогаш не пропушта шанса да испрати порака до светот дека ние сме ракометна земја и се држиме до традицијата. Салата во Битола беше исполнета до последното место и во градот на ракометот барем на еден ден женскиот беше пред машкиот ракомет.

Дури и капитенот Филип Кузмановски со внимание го следеше настапот на ракометарките. Заедно со него и останатите ракометари на шампионот Еурофарм Пелистер од трибините ги бодреа Мицевска, Ристевска, Маџовска...

Потегот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) да ја довери организацијата на Битола е полн погодокк и веројатно многу наскоро националниот тим пак ќе дојде во градот на ракометот и ќе игра пред фанатичните навивачи во салата „Боро Чурлевски“.