Кантегрел: Вардар не може да губи секаде, мора да ги поправиме грешките

Робин Кантегрел, голманот на Вардар, го најави дуелот против ПИК Сегед во рамки на Лигата на шампионите, втор за тимовите во краток интервал. Унгарскиот вицешампион дојде до победа во Скопје во самиот финиш (26-28), а сега следи втората битка за бодови.

„Мора да освојуваме поени, во наредните мечеви, можеби пет, можеби помалку поради ситуацијата со ковид-19. Во Сегедин нема да патуваме како фаворит. Во Скопје во првиот меч игравме добро, но направивме грешки. На гости патуваме без притисок, мора да бидеме добри во одбраната и да ги користиме зицерите. Влегуваме мотивирано, сакаме да освоиме бодови, не може да губиме секаде. Имаме слична екипа со ПИК Сегед“, изјави францускиот чувар на мрежата.

Дуелот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра со почеток од 18:45 часот. Кантегрел се очекува да биде прв голман на оваа средба, затоа што со тимот не патува Борко Ристовски поради повреда.