Кантегрел: Имав специјален меч во ЛШ, штета што загубивме од Киелце

Францускиот голман Робин Кантегрел доби минутажа од Стевче Алушовски во дуелот против Киелце во Лигата на шампионите (29-33) и на првиот настап во елитата забележа четири одбрани.

Чуварот на мрежата на „црвено-црните“ по средбата порача дека ова бил специјален натпревар за него и дека жали што Вардар не успеал да победи.

„Дуелот со Киелце беше специјален меч за мене, затоа што ги направив првите чекори во Лигата на шампионите на ЕХФ. Штета е што на крајот доживеавме пораз, но од овој дуел може да извлечеме само поука и желба за напредок. Се надевам дека Вардар на натпреварот во Полска против Киелце ќе забележи подобар резултат“, вели Кантегрел за дебито во Лигата на шампионите. 

Вардар досега има четири средби во ракометната елита. Покрај од Киелце македонскиот тим загуби од Мешков Брест, има едно реми со Порто како и една победа со германски Флензбург.