Канкараш: Дадовме 110% од нашите можности и верувавме во овој успех! 

По 120 минути голема борба, Металург успеа да го елиминира Кринс и повторно ја израдува македонската ракометна јавност, со пласманот во групната фаза од Европската лига – новоформираното натпреварување на ЕХФ, кое е замена за ЕХФ Купот.

Синоќа, момците на Кастратовиќ „изгинаа“ во Цирих и ги остварија зацртаните цени на клубот, а еден од најдобрите ракометари на теренот беше Бранко Канкараш. Новото засилување на Металург не го криеше задоволството од пласманот меѓу најдобрите, а за клучен фактор за успехот ја посочи големата борбеност на секој поединец на тимот од Автокоманда.

„Прво, сакам да им се заблагодарам на сите, на соиграчите, стручниот штаб и раководството. Ова е успех за сите нас. Покажавме дека имаме квалитет и со право сме таму каде што сме. Борбата беше голема, но едноставно нашиот квалитет нè одведе во групната фаза. Мислам дека клучниот фактор за успехот е тоа што уште од стартот верувавме во тоа и сите заедно дадовме 110% од нашите можности. Исто така, сакам да им се заблагодарам и на навивчите кои дојдоа да нè поддржат“, за Gol.mk изјави црногорскиот репрезентативец.

Канкараш беше перфектен на овој дуел, реализира пет гола од исто толку натпревари и беше прв стрелец на својот клуб во Цирих. Металург, своите противници во групната фаза ќе ги дознае на утрешната ждрепка. 

Најнови вести од
Европска лига (М)