Канаје: Вардар е непознаница, ситуацијата е сменета, ама пак е голем тим

Патрис Канаје, стратегот на Монпелје, го најави натпреварот против Вардар во Лигата на шампионите, последен за двата тима во групната фаза.

И македонскиот и францускиот тим имаат обезбзедено нокаут-фаза, но може да менуваат позиции на табелата па затоа и двете страни ја посакуваат победата.

„Играта на Вардар за нас ќе биде непознаница, но би сакал да се фокусирам на нашиот тим. Работиме со играчите и она што го барам од нив е на секој натпревар да играат максимално ангажирано. Против Веспрем се покажаа добро, имаше многу трчање, можеби тоа е тоа што ќе ни треба и против Вардар. Ситуацијата кај противникот е променета од претходно. Но, Вардар е голем тим, играат на домашен терен и сигурно ќе сакаат да победат. Ги сакам салите кадешто има добра атмосфера. Уживам што ќе играм против Вардар, исто како што беше и против Кил“, изјави Канаје.

Дуелот меѓу Вардар и Монпелје се игра в сабота со почеток од 17:30 часот. Монпелје се бори дали да биде трето или четврто место, додека Вардар е шестопласиран, а ако победи, во зависност од резултатот на дуелот на Порто, може да биде петти.