• Иван Димовски
Екипата на Порто се радуваше на гостувањето кај Целје во рамките на Лигата на шампионите, откако режира голем пресврт и слави со 28-29. Словенците не искористија предност од девет гола која ја имаа на стартот на второто полувреме, за на крајот да си дозволат пораз.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) со интересна порака го поздрави пресвртот на Порто. Тие објавија две интервенции на Никола Митревски и напишаа: „Кам-бекот има име, а тоа е Никола Митревски“.
The comeback has a name and its name is Nikola Mitrevski #ehfcl | #clm | #Daretorise | @FCPorto pic.twitter.com/elax5Eteia
— EHF Champions League (@ehfcl) September 20, 2023
Иако македонскиот репрезентативен голман имаше само четири одбрани против Целје, тие беа во клучни моменти. Митревски бранеше во периодот кога се „кршеше“ резултатот и успеа да остави свој печат во победата.