ВИДЕО: Калараш има нерасчистени сметки со Мотор, па грубо „удри“ по Дорошчук

Ракометарите на Вардар го послушаа својот тренер Стевче Алушовски и покажаа заедништво во натпреварот против Мотор, само неколку дена по егзодусот од клубот на интернационалните ѕвезди. Момците на Алушовски го совладаа Мотор со 38-28, а единствената „црна дамка“ на триумфот се случи во финишот.

Русинот Калараш заработи директен црвен картон, откако грубо повреди противнички ракометар, иако за тоа немаше никаква потреба. Вардарецот отиде со лакт врз главата на Дорошчук. Литванските судии не ни размислуваат, а од македонскиот табор се надеваат дека нивниот кружен напаѓач нема да биде посериозно казнет.

Црвениот картон на Калараш против Мотор Запорожје: 

Калараш веројатно има нерасчистени сметки со Мотор, бидејќи потпиша за овој клуб на почетокот на сезоната, но експресно се врати во Вардар, а причините не беа обелоденети.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4